Elfasko Blog Community
¶ Елфаско Blog Community
Members
тефтер »
Ицко »
rozov zajak »
feit blog »
ГоранАндреев »
Careca »
nn »

(click on » to visit blog,
click on name 2 see last post)
Other Links
ЕЛФАСКО
Елфаско Open NBA
Blog.com.mk
DOMIT! XML/RSS Parser



стеве
ВЕ
1986
e-mail

Тефтерот's blog
Елфаско #53
Wed, 25 Jun 2008 19:28:44 +0200

Елфаско 53

во црно во чест на оние студенти кои се бореа храбро, а ги паднаа испитите

п.с. CD не барајте оти мајсторот ни отиде за Калузија да се бори за правата на бабите над 62 години

^TOP


Ицко
СК
1984
e-mail

^TOP


розов зајак
СК
198?
e-mail

Goldsmith's blog
Отклучен стариот блог
Sun, 07 Mar 2010 16:03:22 +0100

Некаде околу нова година, не натераа да се префрлиме на blog.mk и ни ги заклучија сите администраторски фунцкии и можностите да ставаме нови постови. Сега, без апсолутно никаква најава (сосема случајно забележав) им текна да отклучат се и да ги тргнат линковите кон новите блогови. Свашта.

Како и да е, новиот блог се наоѓа тука, ги имате сите стари постови, иако сликите и коментарите треба да ги чачнам за да се појават. Од сега најверојатно таму ќе пишувам, бидејќи тука сеуште никој не знае дека може да се пишува.

Бидете ми со цицки.

P.S. Екш'ли, сега коментарите не работат тука. Така што, трк на новиот.

^TOP


розов зајак
СК
198?
e-mail

ETF's blog
Нападната асистентка на ПФ
Thu, 19 Feb 2009 03:23:15 +0100

Како се решаваат проблемите на Правен факултет?

Денес околу претпладне изреволтиран студент заради тоа што асистентката Елена Михајлова не сакала да му даде дополнителни поени за донесениот есеј, решил физички да се пресмета со неа, по што следеле шлаканици и клоци. Она што успеав да го прочитам во коментарите на страницата на А1 со веста е дека огромно мнозинство тековни и завршени студенти се сложуваат со постапката на гореспоменатиот студент и комплетно го оправдуваат заради арогантноста и препотентноста на Михајлова.

Како тоа изгледа од друга перспектива?

Дали асистентката заслужила или не, во тоа нема многу да навлегуваме, со оглед на тоа што, пред се, се работи за неконвенционално и несоодветно решение на проблемот, зашто Михајлова не е нити прв, нити последен асистент од тој калибар, а физичките пресметки со сите нив би биле нелогични. Сведоци сме на ситуација ССПФ (Студентски сојуз на Правен факултет) веднаш да излегува со изјава во која комплетната вина се префрла на студентот, а асистентката се претставува само како недолжна жртва.

Ќе речете - во право се. И во право се, но зарем личи на еден студентски сојуз веднаш да излегува со изјави без претходно да ја истражи целата ситуација и да ги разгледа сите околности. Сето тоа ми изгледа аналогно на тоа адвокатот кој го плаќаш да те брани тебе и твоите права, на судење да излезе и да зборува против тебе.

Сево ова нема врска со ФЕИТ, но со оглед на максимално променливото расположение кое владее кај асистентите и професорите овде и се повеќе и повеќе изреволтираните студенти (притоа не мислам на сите студенти, туку оние кои навистина се оштетени), ништо чудно еден ден ситуацијата да се повтори и овде. Се прашувам на чија ли страна ќе застане ССФЕИТ?

^TOP


Горан
Ве
1980
e-mail

VelesNET.com - Вашиот дигитален живот во Велешкиот етер
Бекам блиску до враќање на теренот
Fri, 03 Sep 2010 15:42:46 +0000

bek_tet_a-malaДејвид Бекам се надева дека следниот викенд ќе се врати на теренот по повредата на ахиловата тетива.

Бекам од март е надвор од терените кога на натпревар за Милан ја скина левата тетива, повреда која не му дозволи настап на Светското првенство.

Повредата полека станува минато, Бекам се надева дека ќе биде дел од натпреварот на Галакси против Колумбус на 11ти септември.

"Докторите го определија 1ви октомври како дата кога треба да се вратам, но јас секогаш велев дека ќе бидам подготвен и порано од тоа" - изјави Бекам за официјалната страна на ЛА Галакси.

"Ќе ги стегам палците и се надевам дека ќе бидам дел од натпреварот против Колумбус. Ќе бидам на клупата надевајќи се дека ќе ги одиграм последните 15-20 минути од натпреварот".

Извор: 24fudbal.com.mk

^TOP


Александар
СК
1979
e-mail

alek_careca's blog
All i want for Christmas is you
Wed, 30 Dec 2009 20:54:59 +0100

       Мараја ис ин да хаус. Се лигават сите за Нова година и Божик, еве и јас да ги испекмезам сите кои се потресуваат околу празничната еуфорија. Прекрасна песна и  уште подобра изведба!

      Имајте сите среќни празници! Многу постови, помалку глупи коментари и негативни конфронтации. Бидете среќни и позитивни, се читаме! ;)


    

^TOP


nikola
СК
1976
e-mail

nn's blog
Од Скопје за Црна Гора преку Косово и Албанија
Thu, 06 Aug 2009 19:57:27 +0200

Прво и основно, сите коментари за состојбите на патот се однесуваат на моментот во кој што ние го извозевме истиот - крај на Јули 2009.
Значи, вака, комплетниот пат е во должина од 310 километри мерено од Александар Палас до границата помеѓу Албанија и Црна Гора (граничен премин Муричан-Сукобин), еве слика (клик на сликата за поголема):

pat.gif

 

Рутата е: Скопје - Блаце (граница) - Урошевац (Феризај) - Штимље - Сува Река - Призрен - (граница) - Кукс - Милот - Скадар - Муричан/Сукобин (граница)

Време проведено во пат:

Александар Палас - Блаце = 20 мин. (на граница не чекавме воопшто)

Блаце - Призрен = 2h

Призрен - Кукс = 1h (не е врачунато чекање на граница кое е околу 30 мин.)

Кукс - Милот = 2h

Милот - Муричан/Сукобин = 1h 20 min (на границата чекавме сат и пол, не е врачунато)

Вкупно само во возење = 6h 40 min.

Е сега, реално, ова повеќе ќе личи на 10 часови отколку на 7 поради следните глупости на патот.

Во Косово нема знаци и кога ќе го пројдете Качаник, треба да НЕ свртите на првиот знак за Призрен бидејќи истиот ќе ве однесе на лош планински пат преку Брезовица туку треба да продолжите право накај Приштина те. Урошевац (Феризај).

Кога ќе влезете во Урошевац (веројатно најгрдиот град на светот), повторно нема знаци и мора да се праша за насока накај Призрен. Се доаѓа до село Штимље, се до тука цело време сте на убав магистрален пат со две релативно широки ленти. Низ селото патот е раскопан и на враќање имавме застој од 2 часа во екстремно долга километарска колона.

Понатаму, патот е повторно магистрален со не толку високи превои и релативно лесно се стигнува до Призрен, пред кој што има знак за граница после кој што веројатно ќе мора уште еднаш да прашате каде треба да свртите, одкако ќе ја заобиколите базата на КФОР.

На враќање, и во Призрен имавме километарска колона и застој (во косово влеговме во поладневните часови).

Накусо по Призрен ќе ве пречека Езеро и комплекс од одморалишта и базени кои што се непосредно пред границата, одлично место за одмор, кафе, мафе...

На граница, како што спомнав чекавме околу пола час.

Веднаш после граница ќе ве пречека 20 метри широк необележан со ленти автопат во изградба. Во моментот на нашето патување (Јули 2009) патот многу бргу се претвора во пат од ситни камчиња и облаци од прав во должина од околу 4 километри. (Гранит ги нема довршено мостовите).

Потоа, влегувате во Кукс, прашајте за Шкодер или Тирана, сеедно, ќе ве насочат на еден асфалтиран планински пат кој по околу 30-ина километри се претвора повторно во автопат. Пред да стане автопат, има раскрсница лево за Тирана а десно по стариот пат за Скадар кој што НЕ треба да го возите. Значи, лево накај Тирана. (немаше знак, сите одеа лево па и ние :) )

Почнува автопатот, во моментот на нашето патување пуштен во една насока, значи имате две широки ленти, се вози во две насоки и има тесна лента за застанување, одлична прилика за Албанските возачи да се докажат во тркачките спортови :)

По 20-ина километри се доаѓа до познатиот тунел на овој автопат (автопатот се вика Морине (село кај граничниот премин накај Призрен) - Драч), тунелот е исто пуштен само во една лента и може да ви се случи да чекате на влез, во најлошо сценарио - ќе чекате и повеќе од час и пол, како ние на враќање.

По тунелот, автопатот продолжува како и пред него но не се залетувајте бидејќи се работи на патот. 

Во еден момент автопатот завршува и сите одат десно па и вие, накај Тирана, всушност накај Милот - место отприлика на средина помеѓу Тирана и Скадар. Овој дел од патот оди низ планина и е тесен па внимавајте, не е долга делницата околу 30-40 км.

Кога ќе заврши планината, излегувате на широк прав магистрален пат кој што по 20-ина минути завршува со гужва и раскрсница на која што лево е за Тирана а десно за Скадар, знак нема па е убаво да прашате.

Накај Скадар има околу 50/60 км по убав магистрален пат кој што всушност е покрај море кое што за жал не се гледа од патот.

До Скадар ќе поминете низ местото Lezhe.

На самиот влез во Скадар, од лева страна ќе ја видите познатата тврдина и еден многу страшен дрвен мост на кој што треба да са качите иако не ви изгледа сигурен. Преку мостот се поминува само во една насока па можно е и таму да се најдете во гужва со циганчиња што ви рипаат околу возилото.

По мостот одете лево и само право, и по 20-ина км, сте стигнале до Муричан/Сукобин граничниот премин накај Црна Гора. Ние чекавме околу 2 часа а на враќање околу 20 мин.

Кус курс по Албански јазик:
право - drejt
лево - majtas
десно - djat
пат - rrugë
раскрсница - rrugëkryq (ругекруч)
мост - ura
вода - uj
извинете - me falni
благодарам - faliminderit
час - ora
населено место - vend
езеро - lige (лиџе)
море - det
река - lum
1 - nje
2 - du
3 - tre

Трошоци: на влез во Албанија од Косово ќе ви дадат еден грд кафеав папир кој што во Муричан ќе ви го земат и ќе ви побараат 2 еур.
Црногорците зимаат 10 еур еколошка такса. 

Во Црна гора: по граничниот премин имате 20/30 км тесен планински пат до Бар. Потоа сте на Јадранска магистрала до Херцег Нови...
Ако одите до крај, обавезно одете со траект кај Тиват (4 еур), ќе ви скрати 60-ина км возење по Бока Которска.
Ако продолжувате накај Хрватска, по Херцег Нови свртете десно накај преминот Дебели Бријег бидејќи алтернативниот премин е по лош пат во изградба, поред местото Превлака...
Инаку, цела Црна Гора се поминува покрај Јадран за околу 3 - 3 и пол часа доколку не заглавите кај Будва а се случува и тоа...

ВНИМАВАЈТЕ како возите, Црногорците возат дури и поблесаво од Албанците и по цел пат често ќе ви се случува некој ненормален со Тиранска или Будванска регистрација да ве претекнува насред планински превој на тесен пат пред кривина...

Слики

Влезот од Албанија во Косово, Морине (кравите изгледа илегално преминаа :) ):

morine.jpg

 

Чекање за влез во тунелот:

tunel.jpg

Видео од тунелот тука:  http://www.youtube.com/watch?v=fOaLEa57qwk

Уште едно видео од истиот тунел, подолго: http://www.youtube.com/watch?v=6a8_A1iqB_I

Страшниот мост кај Скадар:

most.jpg

^TOP

RSS News
Created with DOMIT! RSS Parser, design and php implementation by nn.